Бојко Борисов уште еднаш ги повика истражните органи да ги проверат доказите околу издавањето на бугарски пасоши и побара лично да му бидат доставени податоците во најкус можен рок.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов ги повика МВР на Бугарија и ДАНС (Државната агенција за национална безбедност) да извршат проверка на издадените бугарски документи на странски државјани, јавува бугарската телевизија БТВ. Проверката треба да ги опфати последните пет години, соопштија од владината прес-служба. Борисов бара резултатите од проверката да му бидат доставени во најкус можен рок.