дома Спорт БОРКО СЕ ВРАЌА ДОМА: “Го oдбив Рајн Некар, доаѓам во Вардар”

БОРКО СЕ ВРАЌА ДОМА: “Го oдбив Рајн Некар, доаѓам во Вардар”

Голманот на македонската ракометна репрезентација кој досега настапуваше за Бенфика потврди дека доаѓа во Вардар.

“ГО ОДБИВ РАЈН-НЕКАР, ДОАЃАМ ВО ВАРДАР ПОРАДИ ЉУВОВТА КОН КЛУБОТ!! Јас имав уште година ипол од договорот и сега се договоривме за пократок договор до крајот на сезоната за финансиски послаба понуда, но сепак доаѓав главно да му помогнам на Вардар. Имав и други понуди, од екипи кои играат во ЛШ, Рајн Некар беше една од нив, но се решив за Вардар. Ова е европски првак, група со квалитетни играчи, големи луѓе и големи борци и затоа сакам да помогнам во оваа тешка ситуација. Уште ќе има тешки и важни натпревари во ЛШ и во СЕХА, како и во домашното првенство”, напиша Борко на Фејсбук.