дома Политика БОТОВИТЕ ВО ВЛАДА ЈА ИЗБРИШАА ФОТОГРАФИЈАТА: Твитерџиите вработени во Влада ја избришаа...

БОТОВИТЕ ВО ВЛАДА ЈА ИЗБРИШАА ФОТОГРАФИЈАТА: Твитерџиите вработени во Влада ја избришаа фотографијата на Заев и убиецот на Мартин Нешковски!

Премиерот Зоран Заев во денешната посета во КПД Идризово, каде што вети амнестија за осудени криминалци, кои според многу експерти значи спремање на црни сценарија во пресрет на изборите, на кои според анкетите сигурен победник ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, се сретна со убиецот на Мартин Нешковски, Игор Спасов, пишува порталот Журнал.

На фотографијата која е објавена на Фејсбук профилот на Владата на Република Македонија, се гледа Заев како насмеан се поздравува со Игор Спасов.

Игор Спасов е убиецот на Мартин Нешковски, немил случај кој СДСМ цело време го користеше во текот на кампањата за парламентарните избори, пишува порталот.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]
-Убиецот на Мартин Нешкоски и партискиот лидер #ЗЗ се познават лично и штабски. Освен наредба за извршување ќе очекуваме ли помилување? #СДС, е една од реакциите на Твитер.
[/kopa_block_quote]
Но, откако Журнал.нет ја објави веста за пријателскиот однос на Зоран Заев и убиецот на Мартин Нешковски и нивните насмеани лица во затворот Идризово, ПР службата на владата ја отстранила фотографијата од официјалниот Фејсбук профил на Владата на Република Македонија, пишува Журнал.

-Но, опцијата „edit history“ ги издаде – затоа направивме „принт-скрин“ за да знаат дека не може да манипулираат со народот, и дека со „delete“ не се решаваат проблемите, стои во текстот на порталот.