дома Македонија Бочваровски на работна средба со кинескиот амбасадор

Бочваровски на работна средба со кинескиот амбасадор

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, оствари работна средба со Н.Е. Џанг Ѕуо, амбасадор на Народна Република Кина во Република Македонија.

Бочварски му се заблагодари на амбасадорот за досегашниот придонес во делот на економската соработка помеѓу двете земји.

“Ковид кризата ги погоди сите земји и затоа упатувам апел и поддршка за уште поголема меѓусебна соработка со цел подигање на трговската размена на повисоко ниво.” – истакна Бочварски.

На крајот на средбата, амбасадорот лично му ја врачи поканата на министерот за претстојната конференција „Second United Nations Global Sustainable Transport Conference“ која ќе се одржи од 14-16 октомври во Пекинг.