April 19, 2024, 10:57 am

Бојко не шитна за ефтини пари, а сметката му ја остави на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од денешен аспект, Европската перспектива на Македонија изгледа подалечна од било кога досега, а главниот причинител на ваквата состојба по се изгледа дека е домашното несогласување околу дневнополитичките препирки помеѓу двата најголеми политички фактори, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои не успеаа да најдат цврст консензус околу заедничкото делување во смисла на ЕУ перспективите.

Ова ја ослабнува целокупната позиција на Македонија во надворешнополитичките односи, и ја прави земјава подложна на надворешни удари, кои дополнително ја гњават македонската јавност со пролонгирана несигурност за иднината, што пак предизвикува се помала доверба на јавноста во капацитетот на државата и политичарите да ги сервисираат нивните потреби.

Поделбите на домашната политичка сцена, и во пракса ја докажува оправданоста на недовербата на граѓаните.
Македонците веќе не веруваат во реформи, довербата во институциите е сведена на минимум – во нив веруваат само оние кои поради членската книшка виделе некаков бенефит. Економската состојба е полоша од било кога досега, а задолжувањето руши рекорди. Како некој да додава сол на рана, судско-обвинителскиот систем е сведен на извршно тело на политичките партии на власт, продлабочувајќи ги дополнително поделбите на општеството.

А, за поделбите на општеството и немањето капацитет за инклузија во политичктие процеси и на спротивставениот политички табор одговорноста е само на владејачката СДСМ.

Се ова ја прави Македонија лесен плен за аспирациите на големобалканските идеи на нашите соседи. Прва беше Србија, која состојбата ја искористи за промоција на соспствената геополитичка игранка. Недостатокот на вакцини во Македонија, српската држава паметно ја искористи за ширење на своето влијание преку т.н. вакцинална дипломатија – инаку доктрина на кинеската дипломатија. Ваквото ширење на своето влијание во Македонија пак, Бугарија го искористи како муниција за да ги поткрепи своите пропагандистички приказни за Македонците како „Титова нација“. И, наместо да се консолидираме околу една идеја – заштита на Македонскиот идентитет и влез во Европската Унија, домашната политичка сцена тера дневна политика. Ефтин популизам со националните интереси.

Наместо осуда на бугарските ставови, тие се користат како муниција за стрелање кон политичкиот противник, не разбирајќи притоа дека тоа само ја ослабнува македонската, а ја зацврстува бугарската позиција.

Дека тоа е така е и последната изјава на Бојко Борисов по средбата со Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, во која, меѓу редови екс-премиерот на Бугарија дава зелено светло за одвојување на Македонија од пакетот со Албанија при определување на датум за почеток на преговори.

– Европската иднина на Западен Балкан е гаранција за мир и просперитет. Европа мора да продолжи да работи активно и мудро на пристапувањето на Република Северна Македонија и Албанија, имајќи ги предвид позициите на секоја земја. Пред неколку години, бугарската влада ја врати темата за интеграција на Западен Балкан во европската агенда и за време на денешната средба, еврокомесарот Оливер Вархеи ме увери дека ЕУ високо го цени овој факт, стои во последната изјава на Борисов.

Иако Бојко Борисов повеќе не е премиер на бугарската влада (но води на националните анкети), неговиот збор по се изгледа дека се уште „држи вода“, особено во политичките кругови во Европа. ГЕРБ на Борисов е и членка на ЕПП, од каде доаѓа и Вархеи, а е сестринска партија и со ФИДЕШ од Унгарија и ВМРО-ДПМНЕ.

Дека по парламентарните избори во Бугарија ќе се смени и позицијата кон Македонија беше само илузија, се согласуваат и од ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека краткорочното убедување на членките од ЕУ да одобрат датум за Македонија нема да вроди со плод.

– Пропадна и надежта дека по парламентарните избори во Бугарија ќе се промени нивната политичка атмосфера и реторика, а краткорочниот процес на убедување на земјите членките на ЕУ очигледно нема да ги даде посакуваните резултати, вели Тимчо Муцунски секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ.

– Јасните пречки кои Бугарија ни ги постави во поглед на усвојувањето на преговарачката рамка и одлагањето на почетокот на преговарачкиот процес со ЕУ само ја потврди тезата дека лажните ветувања и создавањето на нереални очекувања од страна на владата и нејзините претставници стануваат правило, а не исклучок – додава Муцунски.

Не помогна ниту Договорот за добрососедство кој Заев го потпиша уште на почетокот на своето владеење, со како што го нарече и самиот, неговиот брат Бојко Борисов.

– Еден од двата асиметрични договори (Преспанскиот и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу РМ и РБ) кои пред македонската јавност беа презентирани како извонреден успех на македонската дипломатија ни создаде редица еднострани обврски со сериозни последици и актуелно е дел од пречките за остварување на нашиот евроинтеграциски процес. Без оглед на тоа што разликите околу билатералните прашањата поврзани со територијалниот интегритет, идентитетските прашања и историјата со соседите не смеат да претставуваат пречка за развојот на нашиот евро-интеграцискиот процес, тие сепак непримерно беа отворени, при тоа игнорирајќи го примарно значење на меѓународните норми, принципи и стандарди, објаснува Муцунски за „Инфомакс“.

Сепак, од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Македонија е жртва на нелегално, нелегитимно и неодговорно однесување на Бугарија, која се обдиува да го негира македонскиот идентитет, поставувајќи го како услов за одобрување на почетокот на преговори со ЕУ.

– Без оглед на сите наговестувања, оптимистички и песимистички гледања сепак мора да бидеме реални и да заклучиме дека Бугарија на нелегален, нелегитимен, неодговорен, непристоен, навредувачки и неприфатлив начин го блокира почетокот на преговорите за пристапување на Република Македонија во ЕУ со дополнително поставување на услови кои истовремено значат и негирање на нашиот нашиот идентитет, јазик и повеќе општо познати историски факти, заклучува Муцунски.

ВМРО-ДПМНЕ подава рака за соработка, но власта мора да знае да ја прифати. Не се доволни декларативните заложби на владејачката СДСМ за вклучување на опозицијата во преговорите, притоа, на секој начин обидувајќи се да ги дерогира позициите на опозицијата во врска со евроинтегративниот процес. Реалноста е дека ВМРО-ДПМНЕ може многу да понуди во овој процес, особено што и Еврокомесарот Вархеи и Борисов се дел од ЕПП, а нивните партии се сестрински во рамки на ЕПП.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски впрочем, во неколку наврати повика опозицијата да биде вклучена во овој процес, обзнанувајќи дека понудиле помош во комуникацијата со Еврокомесарот кој доаѓа до унгарската ФИДЕШ.

– Нема време за губење. Ќе имам средба со Виктор Орбан кој е голем пријател на Македонија, но воедно, да не заборавиме, тој е и претседател на партијата од која доаѓа и комесарот за проширување Оливер Вархеји, најави уште на почетокот на годината Мицкоски во интервју за „Дојче Веле“.

И министерот за надворешни работи Сијарто на Унгарија неодамна оствари работен состанок со Мицкоски во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, од каде соопштија дека се разговарало и за деблокада на пристапниот процес на Македонија.

Беше афирмирана потребата од скорешен старт на безусловни преговорите на Република Македонија и Европската Унија, бидејќи тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија и истото ќе значи реални реформи со помош на нашите европски партнери – истакна Мицкоски.

Ваквиот потенцијал СДСМ не смее да го превагне и игнорира поради дневна политика и теснопартиски интереси, од кои интерес имаат само властољупците. Зоран Заев, барем декларативно досега повикал на заедничко работење со опозицијата, но од таквите заложби во пракса не видовме ништо. Напротив, наместо сојузник, СДСМ со ВМРО-ДПМНЕ го оправдува својот неуспех во надворешната политика и евроинтегративните процеси.

Сојузници во оваа „стратегија“ на СДСМ често се и бугарски политичари и европратеници, па како да е на платен список на македонската влада, Андреј Ковачев пред неколку дена го обвини Мицкоски за „бугаромразач“ и кочничар на евроинтегративните процеси, што и де факто и де јуре е неточно. Грешката на Мицкоски беше што со изјави се вплетка во ваквата препирка со бугарскиот европратеник, спуштајќи го нивото на дебата на лични обвинувања и етикети, што дополнително ја отежнува и така тешката ситуација.

Како и да е, Македонија се наоѓа пред уште еден пораз. Пораз за кој сметката ќе ја платиме сите ние.

Она што е извесно е дека Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија, а за сметка на тоа Албанија ќе се издвои од заедничкот пакет што дополнително ќе ја забетонира нашата безперспективност.

Економијата е во долните граници на издржливост, невработеноста ќе се зголемува, а симетрично на тоа и сиромаштијата. Тоа пак не исклучува и нови социјални немири.

А.Митовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This