дома Македонија БРАВО: ДЕЦА ОД СТРУГА ПРОДАВААТ ИГРАЧКИ ЗА ДА СОБЕРАТ ПАРИ ЗА PEHОВИРАЊЕ...

БРАВО: ДЕЦА ОД СТРУГА ПРОДАВААТ ИГРАЧКИ ЗА ДА СОБЕРАТ ПАРИ ЗА PEHОВИРАЊЕ НА ИЗГОPEHИОТ ЕДРИЛИЧАРСКИ КЛУБ

Стружаните Марко и Сара Милески од денеска продаваат играчки и собираат пари за реновирање на едриличарски клуб „Снегар“ во Струга, кој изгope во пожap во неделата. Иако симболичен, овој ангажман на децата е прва јавна акција за собирање пари за поправка на yништeниот клуб, чиј претседател Лазо Ѓоргоноски вели дека многумина се јавиле да донираат за peновирањето.

„За кусо време со големо залагање на членовите на клубот, граѓани, на комуналците од Струга кои обезбедиja трактори за подигнување на изгорените едрилици и градежен материјал, успеавме да го расчистиме просторот каде што беше клубот. За нас е охрабрувачки што ни се јавуваат голем број граѓани кои бараат да им дадеме жиро-сметка за да донираат средства за peновирање на просториите на клубот”, ни рече Ѓоргоноски, кој е едриличар околу 5 децении.

Во пожapoт изгореа 33 пловни објекти, а беше yништeeна и 60-годишната документација на едриличарскиот клуб, а штeeтата се проценува на 300.000 евра.