дома Свет БРАЗИЛСКАТА МАРИЈА МАГДАЛЕНА: Проститутка во мал Бразилски град стана пратеник!

БРАЗИЛСКАТА МАРИЈА МАГДАЛЕНА: Проститутка во мал Бразилски град стана пратеник!

Малиот Бразилски град, Манакапуру, неодамна осамна на насловните страници окако локалната проститутка, Франциска да Силва била избрана за пратеник во локалната самоуправа на градот


Кандидатурата на 32-годишната Силва била поддржана од локалните жители во знак на протест против градоначалникот на градот Џазиел Тороро. Незадоволството со локалната власт била поврзана со слабата работа на општинските медицински институции, доцнењето на платите и катастрофалната ситуација со одводната инфраструктура, причини поради кои условите за живот во општината биле неподносливи.
„Градот некогаш беше нарекуванбисер на реката Солимос“ – вели локалниот шофер Валдемир Сантана за весникот Сао Пауло.

Сантана бил еден од иницијаторите за предложување на Силва како пратеник во локалната власт. На почетокот, било како шега, но Силва изненадувачки се рангирала на четвртото место на локалните избори со повеќе од 1.000 гласа и само 47 долари вредна кампања.