дома КОВИД-19 (Коронавирус) Бразил започна со производство на руската вакцина

Бразил започна со производство на руската вакцина

Една од водечките бразилски фармацевтски компании „Униао Квимика“ го започна процесот на производство на руската вакцина против корона вирусот „Спутник Ве“ (Спутник В).

Како што е наведено на официјалниот Твитер профил на руската вакцина, целата потребна документација за производство на овој препарат ја испратил рускиот фонд за директни инвестиции до една бразилска фармацевтска компанија.

Се очекува оваа бразилска компанија, во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции, наскоро да достави барање до властите со цел итно да се одобри примената на вакцината врз граѓаните.

Вакцината „Спутник ве“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство , со што стана првата регистрирана вакцина против вирусот корона во светот.