дома Свет БРАТ МИ НЕМАШЕ ДА ГО САКА ОВА: Братот на убиениот афроамериканец повика...

БРАТ МИ НЕМАШЕ ДА ГО САКА ОВА: Братот на убиениот афроамериканец повика на мир

Помладиот брат на убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд повика на смирување на насилните демонстрации кои не стивнуваат ширум САД.

Теренс Флојд изјави дека единствено што сака е полициските службеници одговорни за смртта на неговиот брат да одговараат.

Коментирајќи ги расните немири ширум САД за ABC News, Теренс Флојд потенцираше дека „чувствува дека тоа не е она што беше Џорџ“.

„Понекогаш столку се лутам што ми доаѓа да скршам нечија глава“, рече Флојд, додавајќи дека „неговиот брат тоа не би го одобрил“.

Според него, Џорџ бил мирољубив.

„Брат ми беше за мир. Од многу луѓе ќе слушнете дека тој беше нежен џин”, ​​заклучи Теренс Флојд.