Брачна двојка исфрлена од ресторан во Тексас затоа што носеле маски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Натали Вебстер и нејзиниот сопруг биле гости во ресторанот Хенг Тајм во Ровлет, Тексас кога до нив дошла келнерката и побарала од нив да ги извадат маските или да го напуштат ресторанот.

Од брачна двојка било побарано да напуштат ресторан во Тексас, затоа што одбиле да ги извадат заштитните маски. Американските медиуми посочуваат дека досега имало случаи луѓе да бидат замолени да напуштат некој објект поради тоа што одбивале да носат маска, но ова е првпат некој да биде исфрлен затоа што почитувал анти-ковид мерки.

Натали Вебстер и нејзиниот сопруг биле гости во ресторанот Хенг Тајм во Ровлет, Тексас кога до нив дошла келнерката и побарала од нив да ги извадат маските или да го напуштат ресторанот.

– Дојде келнерката, седна до мене и ми рече: Нашиот менаџер ми рече да дојдам, бидејќи сум пољубезна од него…Станува збор за политички став и јас морам да ве замолам да ги извадите маските, раскажа Вебстер за Си-Би-Ес.

Брачната двојка, која има бебе со ослабен имунитет, одбиле да ги извадат маските, по што било побарано да го напуштат ресторанот.

За сопственикот на угостителскиот објект, тоа е „прашање на бон тон” и оти не може да се носи маска во ресторан.

– Потрошив многу пари за отворањето на ресторанот, пролив крв и пот на оваа работа и не сакам никакви маски овде, изјави Том, сопственикот на ресторанот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This