April 19, 2024, 10:56 am

БРЕД ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ: Анџелина предизвика пекол, ќе се борам за децата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бред Пит ја предупреди Анџелина Џоли дека ќе се бори за заедничко старателство над децата. Тој наводно е лут поради барањето за развод кое смета дека ќе им наштети на децата, и нема намера да и го препушти старателството на Џоли.

bred-i-andjelina

Извори на ТМЗ велат дека Бред Пит не може да и прости на Аџелина што ширела приказни дека тој ги доведува децата во ризик поради тоа што е „гневен и злоупотребува супстанци“. Пит наводно рекол дека Анџелина „предизвикала пекол“ поради тоа што папараците сега нема да ги остават на мир ниту нив ниту нивните деца. Тој сакал да се чува разводот далеку од очите на јавноста, за да се заштитат децата.

Домот на Џоли и Пит е „опколен“ од папараци, а полицијата на Л.А. постојано партолира поради можни проблеми во целата мешаница.

Анџелина поднесе барање за развод од Бред Пит само 2 години откако се венчаа. Таа наведе непомирливи разлики, но медиумите пишуваат дека не можела да ги прифати методите на Бред за воспитување на децата и ризично однесување поради неговата употреба на марихуана, заедно со алкохол.

1bred

Иако се тврди дека Бред не знаел за нејзината намера за развод и дознал само еден ден пред да го добие документот, други медиуми јавуваат дека тој со денови се обидувал да ја убеди Анџелина сето тоа да го направат тивко, далеку од очите на јавноста, за да не бидат жртви децата.

Извор за „The Sun“ изјави дека Џоли подолго време била несреќна во бракот.

– Таа се обидуваше да го спаси бракот поради децата но не успеа, нивните животи одат во сосема спротивни насоки. Анџелина е посветена на хуманитарната работа а тој сака да живее холивудски живот, и поминува еден вид криза на средни години. На почетокот на месецов му рече дека не може така да продолжи. Тој беше скршен но се е завршено.

Во меѓувреме извор за US Weekly вели дека причина Анџелина конечно да се одлучи за развод е инцидент кој се случил пред една недела, но не се открива за каков инцидент сe работи.

Page Six пишува дека Џоли преку приватен детектив кој го ангажирала, дознала дека Бред ја изневерува со актерката Марион Котилард, со која тој го снимаше филмот „Allied“. Но, изворот кој ја пренесува оваа информација вели дека не е точно дека Бред ја изневерил Џоли, и дека тој нема да ги вади валканите работи пред медиумите, за децата да не можат да прочитаат ништо лошо за него или за нивната мајка.

Извор за Mirror изјави дека Бред Пит е сеуште љубовта на животот на Џоли, и одлуката за развод и паднала тешко.

2bred

Таблоидите пишуваат дека кавгите меѓу Џоли и Пит во последно време биле чести, а тој за да ги избегне заминувал во Франција.

– Цела година тие не живееја заедно. Бред патуваше од едно до друго место, а Анџелина седеше дома со децата. Се оддалечија – пишуваат таблоидите.

Разводот на Бред Пит и Џоли долго време ќе биде главна вест за американските таблоиди. Тие одат дотаму што пишуваат дека на Бред му се здосадило во бракот бидејќи Анџелина се смирила, како претходно Анистон, и не сакала да живее активен живот. Дури пренесуваат извесен извор кој вели дека Анистон ја прокоментирала веста за разводот со зборовите: Еве, те стигна кармата!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This