дома Храна Брза зимница: Како да направите кисела зелка за 7-10 дена?

Брза зимница: Како да направите кисела зелка за 7-10 дена?

Ако сте од оние гурмани кои сакаат да си каснат добра зимница кога ќе залади, но не го обожавате процесот на нејзино подготвување, имаме идеален рецепт за вас.

Киселата зелка одлично оди во зима, но ретко кој има неколку недели да ја чека да се скисели.

Па, ви предлагаме еден рецепт за забрзано скиселување.

Потребно ви е:
Зелка

Сол

Ловоров лист

Зрна бибер

Подготовка:
Зелката добро исчистете ја и оштетените листови извадете ги од коренот.

Распоредете ги зелките во сад и ставете малку бибер и ловоров лист.

На 1 литар вода ставете 25-30 грама сол и прелијте ги зелките.

Одозгора ставете пластика која ќе ги притиска зелките и добро затворете со капак. Зелките не смеат да излегуваат над водата.

Оставете на топло место 7-10 дена и имате готова кисела зелка.