дома Хроника Брза помош прегази пациент

Брза помош прегази пациент

Во населбата Пејовац кај Трстеник синоќа возило на Брза помош прегазило пациент на кого требало да му се укаже помош.

На повик на граѓаните, екипата на Брзата помош тргнала на терен како би укажала помош на постар маж кој лежел на снег.

Поради лошото осветлување во населбата возачот не го видел пациентот и го прегазил.

Извлекувањето на телото на мажот траело долго, затоа што возачот морал да зема дигалка за да го крене возилото.

Неофицијално прегазениот маж бил во алкохолизирана состојба.

Полицијата се уште се нема огласено за овој инцидент.