Брзо јадење – пица со јогурт, без квасец, мека и следниот ден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рецепт и видео прилог на “Да готвиме лесно”.

Драги мои, денес со вас сакам да го споделам рецептот за едно брзо и едноставно приготвување на пица.

Ова не е класична пица, може да ја наречеме и лажна пица, но има одличен вкус. Многу брзо се приготвува и веќе за половина час имате оброк на маса. Во 90-тите често го правев ова тесто, а фил она што ќе се најде во фрижидер.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 чаши (од 200 мл) брашно
1 рамна лажичка сол
½ прашок за печиво
1 чаша јогурт
3 лажици масло
уште малку брашно за премесување и развлекување на тестото

ЗА ФИЛ:

Доматен сос
250-300 г кашкавал
200 – 250 г сувомеснато по желба
-маслинки, печурки по желба
-босилек, оригано, малку мајонез

ПОСТАПКА:

Во еден сад ставете 2 чаши брашно, 1 рамна лажичка сол и ½ кесичка прашок за печиво. Промешајте ги состојките. Потоа додадете 1 чаша јогурт на собна температура и 3 лажици масло. Прво со лажица замесете го тестото, а потоа и со рака.

Замесеното тесто оставете го 5 минути да се одмори. После 5 минути тестото префрлете го на набрашнета работна површина и кратко промесете го. Од ова тесто можете да направите една голема или две мали пици.

Развлечете тенка кора. Развлекувањето може да го правите на набрашнета површина или веднаш на хартијата за печење.

Премачкајте со доматен сос, по желба додадете малку босилек и филувајте понатаму по ваш избор. Приготвената пица одозгора наросете ја со неколку капки мајонез за да биде помека.

Пицата печете ја во загреана рерна на 220 степени околу 8-10 минути во зависност од вашата рерна. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This