дома Балкан БРИСЕЛ ГО ПPЕДУПРЕДИ КОСОВО: Нема платформа ниту дијалог додека не се повлечат...

БРИСЕЛ ГО ПPЕДУПРЕДИ КОСОВО: Нема платформа ниту дијалог додека не се повлечат даноците!

Европа не ги коментираше индивидуалните позиции на Косово и Србија за Приштинската платформа, изјави денес портпаролката на ЕУ, Каја Коцијанчиќ нагласувајќи дека до конечно решение може да се дојде само преку преговори.

Дипломатски извори во Брисел за Танјуг прецизираа дека Платформата е индивидуална преговарачка позиција на Косово и компромис не може да се оствари само врс основа на нејзините одредби.

Брисел исто така упати предупредување кон Приштина дека нема да добие покана да дојде во Брисел за продолжување на дијалогот доколку не ги повлече даноците.

Коцијанчиќ во име на ЕУ го повика Косово да ги повлече даноците бидејќи за нив и за целиот регион дијаглогот е единствениот пат.