дома Свет БРИТАНЕЦ 12 ЧАСА БИЛ ВО КАРАНТИН ПОРАДИ СИМПТОМИТЕ НА КОРОНАВИРУС: “Mи ставија...

БРИТАНЕЦ 12 ЧАСА БИЛ ВО КАРАНТИН ПОРАДИ СИМПТОМИТЕ НА КОРОНАВИРУС: “Mи ставија маска и ме однесоа во карантин, сите беа облечени во скафандери”

Британец кој ги добил симптомите на инфекција со коронавирус и кој бил ставен во карантин на почетокот од оваа недела, ракажа како е да се биде во изолација.

 

 

Крег Дилон од Лондон поминал 12 часа во болница откако се вратил дома од Австралија преку Кина и поминал многу тестови. Резултатите на крајот покажале дека тој е негативен за новиот вид коронавирус и дека всушност на патувањето добил пневмонија.

“Се вратив во Велика Британија во понеделникот. Поминав одмор во Австралија и Тајланд, а на враќање на летав прво во Кина, а од таму во Англија. Се чувствував лошо недела или две. Отидов на работа во средата, но се чувствував полошо и полошо. На крајот, се јавив во службата за итни случаи и ми рекоа веднаш да дојдам во болница “, изјави Дилон за Скај њуз.

„Кога пристигнав во болницата „Ст. Томас“, му реков на мојот лекар дека бев во Кина и Тајланд и дека имам симптоми на грип. Докторот буквално ме извлече од болницата и веднаш ми стави маска за лице. Потоа ме однесе во просторијата за изолација, во карантин , и ми рече да влезам. Чекав таму 30 минути. Беше прилично страшно “, се сеќава тој.

“Докторот и медицинската сестра набргу влегоа во собата облечени во скафандери. Тие беа со мене во собата два часа и ми направија некои тестови. Тешко беше да се разбере сè што кажуваа затоа што носеа маски. Ми правеа повеќе пати тестови на крвта, зедоа брис. од уста и нос. Напишаа сè на хартија и потоа ги ставаа тие белешки на стаклото за да можат лекарите надвор од собата да ги прочитаат. Чекаа со мене за резултатите. За среќа, моите наоди беа негативни на коронавирусот “, рече младиот Британец.