дома Свет Британија во pacпад: Ќе има нов peферендум за независност на Шкотска

Британија во pacпад: Ќе има нов peферендум за независност на Шкотска

Премиерката на Шкотска, Никола Старџен, денес изјави дека нема веднаш да предложи референдум за независност, бидејќи сака земјата прво да се ослободи од пандемијата со Ковид-19.

„Не верувам дека треба да предложиме референдум во овој момент“, изјави Старџен пренесува Ројтерс.

Таа додаде дека верува во независност.

„Сакам Шкотска да биде независна, но прво мора да ја извлечеме земјата од корона кризата“, рече таа.

Партијата во која е Старџен, Шкотската национална партија, вети дека ќе одржи нов референдум за независност до крајот на 2023 година, доколку победи на изборите закажани за 6 мај.