дома Европа Британија пpoтepа тројца кинески државјани поради шпиoнaжa

Британија пpoтepа тројца кинески државјани поради шпиoнaжa

Велика Британија протера тројца кинески државјани осомничени за шпионажа кои се претставувале како новинари.

Британската тајна служба МИ5 тврди дека тројца вработени во кинеското Министерство за државна безбедност лажно се преправале дека работат за кинеска новинска агенција, пренесува Гардијан.

Како што се наведува, кинеските граѓани биле протерани без помпа и со цел да не се создаде дипломатски скандал.

Гардијан пишува дека новинарските легитимации многу често се користат за време на шпионажа и дека тоа е методот што обично го користи Пекинг .