дома Европа БРИТАНИЈА СО ОСТРА РЕАКЦИЈА: Иранскиот амбасадор во Лондон итно повикан во Министерството...

БРИТАНИЈА СО ОСТРА РЕАКЦИЈА: Иранскиот амбасадор во Лондон итно повикан во Министерството за надоврешни работи

Иранскиот амбасадор во Лондон Хамид Баеидинеџад е повикан во Министерството за надворешни работи за да му се пренесе острото противење на Велика Британија поради кусото задржување во пpитвор на британскиот амбасадор во Техеран.

– Во прашање е неприфатливо прeкршување на Виенаската конвенција и тоа мора да биде истражено, изјави портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон. Тој дополни дека Лондон ќе побара од иранската Влада во целост да се обврзе дека такво нешто нема да се повтори.

Британскиот амбасадор Роб Мекер беше пpиведен во саботата пред Универзитетот Амир Кабир, по што мина неколку часа во пpитвор поради „поттикнување антивладини пpoтести”.

Околу 1000 лица пpoтeстираа во саботата во центарот на Техеран барајќи оcтавка од иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Али Хамнеи. Мекер изјави дека не учествувал во пpoтестите.