Британија трет ден по ред со рекорден број новозaболени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Велика Британија во петокот трет ден со ред забележа рекорден број новозаразените со коронавирусот на дневно ниво, со 93,045 случаи, покажуваат податоците на здравствените власти.

Според премиерот Борис Џонсон, Обединетото Кралство е погодено од „плимниот бран“ на омикрон варијантата на коронавирусот SARS-CoV-2.

Владата во Англија ја врати на сила обврската за носење маски на повеќето јавни места, но не и во пабовите и рестораните, и го поттикнува работењето од дома и воведе здравствена пропусница за помасовните собири.

Шкотската премиерка Никола Старџен, која објави дека омикрон варијантата станала доминантниот сој во Шкотска, ги повика жителите да останат дома во текот на претстојните божикни и новогодишни празници.

„Цунамито на коешто предупредував пред една седмица почнува да нѐ погаѓа“, предупреди Старџен во петокот.

Компаниите во Шкотска се правно задолжени да спроведат „разумни мерки“ за да го ограничат ширењето на вирусот, а сопствениците на кафулињата и пабовите се повикуваат да ги послужуваат само гостите кои седат на маси.

Премиерот на Велс, Марк Дрејкфорд нареди затворање на ноќните клубови од 27-ми декември.

Велика Британија поради ширењето на омикрон варијантата ја забрза кампањата за вакцинирањето во земјата, а цел е до крајот на декември на сите возрасни жители да им ја понуди третата дополнителна доза од вакцините против Covid-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This