Британија ќе ги сместува илeгaлнитe мигpaнти во Албанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мигрантите кои пристигнуваат во Велика Британија преку Ла Манш би можеле брзо да бидат префрлени во центар за азиланти во Албанија, беше соопштено синоќа.
Министрите размислуваат да отворат центар за азил во Албанија, бидејќи веруваат дека тоа ќе одврати мигрантите кои се движат кон Обединетото Кралство
Секој што бара азил во Британија по пристигнувањето на илегални патишта, како што се гумени чамци и мали чамци, ќе биде префрлен во новиот центар во рок од седум дена, пишува Тајмс.
Проектот наводно ќе ги чини британските даночни обврзници 100.000 фунти по мигрант за патување со авион и сместување.
„Офшор центарот за баратели на азил сега е нашата единствена надеж, бидејќи ништо друго не функционира“, изјави неименуван британски функционер за Тајмс.
Претходните извештаи за плановите за офшор центри за азил, вклучително и користење на напуштени платформи за нафта во Северното Море, за кои се дискутираше минатата година, на крајот се покажаа како неуспешни.

Но, веројатноста за договор со Тирана сега изгледа добро, рече извор од британската влада, и покрај тоа што албанската министерка за надворешни работи Олта Џака ја отфрли идејата минатиот месец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This