дома Европа Британскиот амбасадор во ЕУ поднесе оставка

Британскиот амбасадор во ЕУ поднесе оставка

Постојаниот претставник на Велика Британија во Европската унија Ајвн Роџерс поднесе оставка, јавуваат британски медиуми.

Од британското Министерство за надворешни работи засега одбиваат да ги посочат причините за оставката.

Медиумите нагласуваат дека амбасадорот бил близок со поранешниот британски премиер Дејвид Камерон и додаваат оти најверојатно се појавиле разлики во ставовите на Владата на премиерката Тереза Меј и на амбасадорот во врска со очекуваните преговори за напуштање на Велика Британија од ЕУ.

Мандатот на Роџерс му истекуваше во ноември оваа година.