дома Сцена Британскиот пpeмиep Борис Џонсон и Кери Симондc ce вeнчaa вo тajнocт

Британскиот пpeмиep Борис Џонсон и Кери Симондc ce вeнчaa вo тajнocт

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата свршеница Кери Симондс се венчаа денес во Лондон, пренесуваат лондонските медиуми.

Според медиумите, Џонсон (56) и Симондс (33) се венчале на приватна церемонија во католичката катедрала Вестминстер, во присуство на мал број пријатели и роднини.

Таблоидот Сан наведува дека ниту членовите на владата на Џонсон не знаеле дека венчавката е планирана.

Според британските регулативи воведени за борба против коронавирусот, на свадбите може да присуствуваат најмногу 30 лица.

Џонсон и Симондс во февруари 2020 година објавија дека се вериле. Тие имаат едногодишен син Вилфред.

Премиерот има два брака зад себе, додека тој е првиот сопруг на Симондс.Последниот британски премиер кој се оженил за време на неговиот мандат бил лорд Ливерпул, пред 199 години.