Британскиот coj нa кopoнaвиpycoт дoминaнтeн вo Германија – пoтвpдeн вo 72 oтcтo oд пoзитивнитe cлyчaи..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британскиот вид на коронавирус е доминантен во Германија, каде што во дури 72 отсто од случаите е причина за тековните болести.

Институтот „Роберт Кох“ објави дека британскиот вид е потврден во 72 отсто од позитивните тестови, што, како што посочуваат од таа институција, е причина за голема загриженост.

Уште минатата недела учеството на британскиот вид во позитивните тестови беше околу 55 отсто.

Оваа состојба, според експертите, не е добар развој.

„По Велигден, ќе ја имаме ситуацијата како што беше околу Божик“, предупреди вирологот Кристијан Дростен за ТВ ГДР.

Поради мутацијата на вирусот, ситуацијата ќе биде драстично влошена, додаде тој, нагласувајќи дека станува особено опасно за невакцинирани лица постари од 50 години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This