дома Македонија БРИТАНСКИ ПРОФЕСОР СО ПОФАЛБИ ЗА ИВАНОВ ЗА НЕПОТПИШУВАЊЕТО НА ЗАКОНИТЕ НА КОИ...

БРИТАНСКИ ПРОФЕСОР СО ПОФАЛБИ ЗА ИВАНОВ ЗА НЕПОТПИШУВАЊЕТО НА ЗАКОНИТЕ НА КОИ СТОИ СЕВЕРНА: Многу добар човек го спроведува принципот дека владеењето на правото е граѓанската брана против прекумерно моќната држава!

Британскиот професор Џејмс Петифер по Балканска историја на својот Твитер профил со пофалби за македонскиот претседател Ѓорге Иванов кој одлучи да не ги потпишува  законите што содржат „Северна Македонија“.

„Тој е многу добар човек кој го спроведува принципот дека владеењето на правото е граѓанската брана против прекумерно моќната држава“, напиша на Твитер професорот по балканска историја на колеџот „Сент Крос“ од Оксфорд како коемнтар на написот на „Балкан инсајт“: „Претседателот во заминување Ѓорге Иванов одби да потпише документи кои го вклучуваат новото име на земјата, Северна Македонија – а тоа се заканува дека ќе предизвика институционална нестабилност“.