дома Европа „Бритиш ервејз“ најави штрајк за време на католичкиот Божик

„Бритиш ервејз“ најави штрајк за време на католичкиот Божик

Кабинскиот персонал на авиокомпанијата „Бритиш ервејз“ најави штрајк на 25 и 26 декември, кога се прославува католичкиот Божик, поради што ќе бидат загрозени 40.000 летови од и до лоднонскиот аеродром „Хитроу“.

Синдикатот на кабинскиот персонал на авиокомпанијата соопшти дека илјадници вработени ќе ја прекинат работата поради „малите плати и неисполнетите ветувања“ за мешовитата флота на „Бритиш ервејз“, во која се ангажирани од 2010 година.

„Бритиш ервејз“ ми можел да ги пренасочи патниците во други авио компании, пишува весникот „Индипендент“.