дома Балкан Брнабиќ утре ќе ја прими вакцината на „Фајзер-Бионтек“

Брнабиќ утре ќе ја прими вакцината на „Фајзер-Бионтек“

Владата на Србија официјално објави дека премиерката Ана Брнабиќ утре ќе ја прими вакцината против вирусот корона на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“. Покрај неа, вакцината ќе ја примат министерот за труд, вработување, ветерани и социјални работи, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и епидемиологот Предраг Кон.

По вакцинацијата, тие ќе даваат изјави за медиумите, најавуваат од српската Влада.

Тие ќе ја примат вакцината „Фајзер-Бионтек“, која вчера пристигна во Србија.

Државниот секретар на Министерството за здравство, Мирсад Шерлек, претходно изјави дека претставниците на Агенцијата за лекови и медицински помагала ќе дадат дозвола за почеток на имунизација со вакцината Пфајзер до крајот на неделава и дека вакцинацијата ќе започне следната недела.