дома Балкан Брнабиќ oбвини за caботажа во термоелектраната „Никола Тесла“

Брнабиќ oбвини за caботажа во термоелектраната „Никола Тесла“

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека не ја исклучува можноста за саботажа во термоелектраната „Никола Тесла“ во Обреновац, велејќи дека сторителите ќе одговараат.
„Нестручноста и неспособноста секако влијаеше, но имаше ли нешто друго… Ми се чини дека е премногу случајно што откажаа сите шест блокови во исто време“, рече Брнабиќ.
Таа во изјава за телевизија Пинк изјави дека безбедносните служби работат на тоа.
„Со нетрпение ги очекуваме извештаите и не ја исклучувам можноста да се случила саботажа.
Таа потсети дека се сменети четворица директори на ЕПС и истакна дека иако некој е непрофесионален, мора да има контролни механизми.

Премиерот на Србија изјави дека илјадници луѓе се без струја, а сега снабдувањето е стабилизирано.
„Мораме да видиме што се случи во синџирот на одговорност. Ниту овој пат нема да бидат заштитени“, истакна Брнабиќ.
Таа рече дека за денеска е закажана средба во Претседателството, која ја свика претседателот Александар Вучиќ на која ќе се разговара за енергетската состојба.
„Тоа е голема борба, даваме се од себе да добиеме поквалитетен јаглен и да продолжиме со снабдувањето со електрична енергија“, рече премиерот.