Брнз co oтвopeнa пoддpшкa зa Македонија нa пaтoт кoн ЕУ: Дaли aмepикaнcкaтa пoлитикa зa Бaлкaнoт ќe ги пишмaни Бугарите?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се сретна со Кејт Брнз, амбасадорката на Соединетите Американски Држави во нашата земја.

На состанокот е реафирмирано партнерството меѓу Македонија и САД, a истакнати се и пораки за континуиран напредок во реформите и во борбата против корупцијата.

Констатирано е дека политиките на дијалог отвораат перспективи за нашата држава и за целиот регион, а Соединетите Американски Држави, како што е соопштено, се заинтересирани за позитивни процеси во регионот.

Во таа насока е пренесена поддршка од САД за натамошен напредок на Македонија, по НАТО – и во процесот на европските интеграции. При тоа е изразена заедничка согласност дека е време да продолжи проширувањето на ЕУ, коешто ќе значи охрабрување за целиот Западен Балкан, заедно со НАТО перспективите, државите од регионот да продолжат да се развиваат според демократските вредности.

Премиерот Заев се заблагодари на големата поддршка од САД, како клучен стратешки партнер во развојот и во демократизацијата на Македонија и најави дека нашата држава и натаму ќе дава аргументи за да продолжи поддршката од САД и од меѓународните пријатели.

„Фокусирани сме кон позитивен развој на настаните во врска со следниот чекор во евроинтеграциите, како и кон развојот на добрососедските односи со Бугарија. Продолжуваме и со реформското темпо, како и со борбата со криминалот и корупцијата. Владата е цврсто определена кон поддршка на независноста на судството и еднаквост на секого пред законите. Со смирувањето на пандемијата очекуваме засилување на темпото на големиот инвестициски план што го имаме, а чијашто цел е унапредување на животниот стандард на граѓаните на економски план и според европските вредности“, рече премиерот Заев.

На состанокот е поздравена определеноста на Владата кон успешно справување со криминалот и корупцијата. Исто така, заеднички е оценето дека е важно сите политички субјекти да дадат свој придонес во Парламентот, за прашањата од полза на граѓаните.

„Градењето консензус и политичкиот дијалог се здрави за секое демократско општество и како земја членка на НАТО и држава којашто има за цел да стане членка на ЕУ, силно сме посветени на ваквиот начин на работа“, рече премиерот Заев.

На средбата е разговарано и за можностите за унапредувања на соработката помеѓу САД и Република Македонија, во областа на здравството, енергетиката, економијата, како и за подготовките за претстојните локални избори во нашата држава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This