дома Европа БРОДОВИ НА НАТО ВЛЕГОА ВО УКРАИНА: Бродовите на НАТО влегоа во пристаништето...

БРОДОВИ НА НАТО ВЛЕГОА ВО УКРАИНА: Бродовите на НАТО влегоа во пристаништето Одеса

Бродовите на поморската група на НАТО влегоа во пристаништето во Одеса, објави прес-службата на украинската морнарица.

“Бродовите на остојаната воено-поморска група на НАТО бр. 2 и постојаната а пристигнаа во пристаништето Одеса”, соопшти морнарицата на својата Фејсбук страница.

Целта на посетата и должината на престојот не се објавуваат.

Минатата недела во Украина беа завршени украинско-американските поморски вежби “Си Бриз 2018” (Sea Breeze). Вежбите започнаа на 9 јули во регионот Одеса и беа вклучени неколку илјади војници од 19 земји. Учествуваа бродови од Бугарија, САД, Украина и Турција – повеќе од две илјади војници, околу 30 воени бродови како и снабдувачки бродови.

Според украинската морнарица, целта на вежбите била да се спроведе мултинационална поморска безбедносна операција во кризниот регион. За време на вежбата, војниците биле командувани од американски брод. Маневрите биле спроведени во регионите на Одеса и Николаев, како и во полигоните со седиште во северозападниот дел на Црното Море.

Киев постојано ја потенцира својата намера да стане членка на НАТО. Претседателот на Украина Петро Порошенко во неколку наврати изјави дека не се сомнева во реалноста на таквото сценарио.