дома Македонија Бројката на пoчинaти надмина 500, зapазени има повеќе од 11.200

Бројката на пoчинaти надмина 500, зapазени има повеќе од 11.200

Откако во минатото деноноќие беа регистрирани пет смртни случаи како последица на корона вирусот, вкупниот број на починати во Македонија од почетокот на епидемијата се искачи на 505.

Од починатите, еден од Скопје (52 г.), двајца од Куманово (55 г. и 82 г.), еден од Гостивар (62 г.) и еден од Охрид (64 г.). Четири пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Во истиот периот се регистрирани и 75 нови случаи позитивни на корона вирусот, од направени 830 тестирања, со што вкупниот број на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 11.202.

Вкупно досега се направени вкупно 106.877 тестирања за Ковид -19, а моменталниот број на активни случаи изнесува 3.589.

Од новозаразените 75 случаи, 32 се во Скопје, по што следуваат Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-2, Неготино-1.

Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти и тоа од Скопје-50, Куманово-16, Прилеп-2,Тетово-5, Струга-28, Охрид-18, Гостивар-2, Крушево-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Кратово-1, Свети Николе-10, Кичево-1.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 92 пациенти од кои на кислородна поддршка се 45 пациенти, а еден е на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и три деца позитивни, како и шест пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 89 пациенти од кои на респираторна машина се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.