дома Македонија БРУКА НА МЗШВ: „Северномакедонска“ кујна било техничка грешка

БРУКА НА МЗШВ: „Северномакедонска“ кујна било техничка грешка

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска соопшти дека е поправена техничката грешка со рекламниот банер поставен на македонскиот штанд на саемот за храна и земјоделство „Зелена недела“ во Берлин.

Веднаш по реакцијата од страна на МЗШВ до организаторот на саемот, направен е нов рекламен банер кој веќе е поставен на македонскиот штанд.

Според Министерството, првичниот банер беше предлог на компанијата „Кадино“, која дизајнот го пратила до организаторот на саемот.

По техничката грешка, како што велат, Министерството реагираше во најбрз можен рок да се подготви нов рекламен банер.

-Веќе се работи на покренување постапка за утврдување одговорност кај лицата од Министерството вклучени и задолжени во организацијата на саемот. Инаку, карактеристично за овој саем е што земјите се претставуваат со нивни традиционални производи. За нас, еден од тие производи е бурекот и затоа решивме годинава да се стави фокус на овој традиционален производ. Денеска македонкиот штанд го посети светски познатиот критичар за храна, Дирк Хофман, кој го оцени македонскиот бурек како еден од највкусните и најуникатните традиционални производи, наведува Министерството земјоделство, шумарство и водостопанство.
Македонскиот штанд, додава, е еден од најпосетените на саемот. Дневно се поделени над 300 пити бурек и останати пецива.