Бројот на настраданите во поплавите и лизгањето на земјиштето во крајбрежниот дел на Турција достигна 51, соопшти денес државната агенција за вонредни ситуации и катастрофи.
Силни дождови ги погодија црноморските провинции Бартин, Кастамону и Синоп во средата и предизвикаа поплави, во кои се уништени куќи, оштетени најмалку пет моста, однесени автомобили и бројни патишта станаа непроодни.
Мештани на Кастамону преку социјалните мрежи јавија дека уште стотици луѓе исчезнале. Над 2.00 луѓе се евакуирани низ регионот, некои се спасени од покривите со хеликоптери, а многумина се привремено сместени во студентски домови, соопштија властите.
Експертите во Турција сметаат дека и интервенциите на реките и непрописното градење придонеле за масовните штетни предизвикани од поплавите во Турција.