дома Македонија Бугарите обвинyвaaт: Макрон ја тypка Македонија кон Русија

Бугарите обвинyвaaт: Макрон ја тypка Македонија кон Русија

Францускиот претседател Макрон го турка Балканот кон Русија, Турција и Иран, вели поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија Соломон Паси.

Македонија и Албанија според него еден ќе станат членки на Европската Унија, но прашање е со која брзина тоа ќе се случи.

Влијанието на Кремљ се засилува, тоа ја убива демократијата, подржувајќи го популизмот.

Како почесен претседател на Атланскиот клуб на Бугарија, Паси и порача на земјава дека кога физички ќе бидеме во НАТО, членството во ЕУ ќе биде многу полесна задача.

Ќе седите на иста маса со истите луѓе, ќе зборувате со нив за истите проблеми, нема да ве третираат како аспирант, како некој што чука на вратата, туку ќе ве третираат како еднаков член.

Политиката е трговија со услуги. Штом сте во НАТО вие ќе почнете да тргувате со услугите, ќе станете дел од семејството, рече Паси.

И претседателот на Евро –атланскиот совет Исмет Рамадани смета дека ЕУ е единствената алтернатива.

На завршната конференција на проектот “Оспособување на младината за активно учество во процесот на донесување одлуки”, Претседaтелот Пендаровски побара да се донесе законска рамка која ќе им овозможи на младите да бидат позаинтересирани за општествените случувања и политчките процеси преку обезбедување подобри услови и перспективи.