дома Македонија Бугарите откриваат: Не постои француска иницијатива – Груби излaжa?

Бугарите откриваат: Не постои француска иницијатива – Груби излaжa?

Нема француски предлог за решавање на бугарско-македонскиот спор. Ова за БГНЕС го изјавиле дипломатски извори од Европската комисија.

„Нема таков предлог во дипломатските анали“, соопшти Брисел.

Од бугарското МНР за БГНЕС велат дека не се информирани за ваквата француска иницијатива.

Претходно македонскиот вицепремиер Артан Груби изјави дека имало иницијатива од Франција за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија.

„Постои француска иницијатива да седне на маса, да се надминат сите разлики, така што во наредните месеци од 2022 година, напролет, ќе се одржи првата меѓувладина конференција“, рече Груби, пренесува БГНЕС.