дома Актуелно Бугарите oдбивaлe воопшто да се користи придавката македонски: Член на комисијата за...

Бугарите oдбивaлe воопшто да се користи придавката македонски: Член на комисијата за историја со дeтaли зa cocтаноците

Огнен Вангелов член на Комисијата за историски и образовни прашања во „24 анализа“ на ТВ24 рече дека работата на Комисијата е тимска и средбите се однесуваат на точки околу учебниците по историја и за предлози на бугарската страна што треба да има во тие учебници.

– Дискусиите се ограничени на тие теми, и од тоа не се излегува. Придавката македонски се однесува само за записниците од состаноците. Досега се остварени 11 состаноци и проблемот се појавил по шестиот состанок кога колегите од Бугарија одбивале во нивната верзија да ја користат придавката македонски во врска со идентитетските одредници, повикувајќи се на Преспанскиот договор кој ја ограничува употребата придавката македонски за овие категории – рече Вангелов.