April 23, 2024, 10:07 pm

Бугарија екстрадира Македонец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тричлен совет на Окружниот суд во Ќустендил одлучил да им го предаде на властите на Австрија македонскиот државјанин Јовановски Ј., согласно европската потерница издадена од Обвинителството во Виена, соопшти градскиот суд.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, барањето за притвор и екстрадиција на лицето е со цел кривично гонење и се однесува на две кривични дела, учество во организирана криминална група и нелегална трговија со дрога и психотропни супстанци. За овие кривични дела се предвидува затворска казна до 15 години. Бараниот пред судот во Ќустендил изјавил дека сака веднаш да им биде предаден на австриските власти. Тој ќе ја користи законската одредба – во Австрија да може да му се суди само за споменатите кривични дела.

Окружниот суд Ќустендил ја потврди и мерката притвор „притвор“ изречена против македонскиот државјанин до неговото предавање на Австрија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This