дома Балкан Бугарија за утре прогласи ден на жалост

Бугарија за утре прогласи ден на жалост

Бугарија прогласи дека утре ќе биде Ден на национална жалост поради жртвите во двете трагедии – пожарот во дом за стари лица во село Ројак и тешката автобуска несреќа на автопатот Струма, во кој загинаа најмалку 46 луѓе.

Одлуката ја соопшти вицепремиерот Галаб Донев.

Се очекува одлука на Советот на министри.

Претходно, македонската влада прогласи тридневна жалост поради трагедијата на македонскиот автобус.