дома Балкан Бугарија и Грција прогласени за земји со висок pизик на новата ковид...

Бугарија и Грција прогласени за земји со висок pизик на новата ковид мапа

Бугарија и Грција се обоени во црвено на новата ковид мапа.

Делови од Италија, Франција, Германија, цела Шпанија и Португалија се во истата група.

Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ECDC) секој четврток ја ажурира корона мапата. Таа е составена врз основа на инциденцата од 14 дена и процентот на позитивни тестови од вкупниот број тестирани.

Боите за одредени подрачја се одредуваат со комбинација на потврдени случаи на заразата во изминатите 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестирана популација.

Карта на ECDC е советодавна, но некои земји -членки се потпираат на неа кога воведуваат епидемиолошки ограничувања при враќањето во земјата.