Бугарија одби НАТО трупи на своја територија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарија не гледа потреба од распоредување војници на НАТО на своја територија како одговор на трупањето руски сили долж границата со Украина, изјави бугарскиот министер за одбрана Стефан Јанев.

Тој ги потврди извештаите дека во НАТО се разговарало за различни опции, вклучително и присуство на бугарски и романски војници во Црното Море, во која НАТО веќе распоредува дополнителни војници во балтичките земји и во источна Полска.

„Мојот став е дека таквиот пристап потенцијално може да доведе до непожелно зголемување на тензиите во регионот, напиша Јанев на својот Фејсбук профил, додавајќи дека засега нема причина распоредувањето на руските трупи да се смета за директна закана за Северно-атлантската алијанса и нејзината зона на влијание. Во таа смисла, не верувам дека постојат реални околности кои можат да ја оправдаат одлуката во врска со распоредувањето на дополнителни војници на територијата на Бугарија“, напиша Јанев.

Тој додаде дека Бугарија, која се приклучи на НАТО во 2004 година, внимателно ќе ја следи ситуацијата и е подготвена да го зголеми капацитетот на своите вооружени сили како дел од засилените напори на НАТО за одвраќање и одбрана, доколку е потребно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This