дома Балкан Бугарија од утре ги повлекува pecтрикциите за патување на македонските државјани

Бугарија од утре ги повлекува pecтрикциите за патување на македонските државјани

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на својот Фејсбук-профил информираше дека од утре Република Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување на македонските државјани на нејзина територија.

– Со последната одлука, Северна Македонија од црвена е преместена во портокалова зона, пишува Османи.
Забраната се укинува за сите кои имаат сертификат за вакцинација, со поминати 14 дена од втора примена доза, сертификат за прележан Ковид, што важи од 11-тиот до 180-тиот ден од денот на оздравување или негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.