дома Македонија БУГАРИЈА САКА ПАКЕТ: Можна е дecтабилизација ако Македонија и Албанија не добијат...

БУГАРИЈА САКА ПАКЕТ: Можна е дecтабилизација ако Македонија и Албанија не добијат заедно датум

Бугарската влада ќе инсистира на прием на Македонија и Албанија во Европската унија во пакет, вели шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, според која раздвојувањето на двете држави би било грешка што може да доведе и до нестабилност во регионот.

Според Захариева, Бугарија отсекогаш ја поддржува европската и евроатлантската интеграција на земјите од Западен Балка, но инсистира Македонија да ги почитува добрососедските односи. Ова е јасно од декларацијата од 1999 година, од Меморандумот за поддршка за евроатлантска и евроинтеграција и од потпишувањето на Договорот за соседство во 2017 година од страна на премиерите Борисов и Заев.

Министерката вели дека на 15 и 17 октомври претстојат два состаноци на Советот на Европа, на кои Бугарија ќе и каже „да“ на членството.

И министерот за одбрана Красимир Каракачанов ја повтори својата теза дека Бугарија го поддржува членството на РС Македонија, но не безусловно.

Меѓу условите е и завршувањето на работата на Меѓувладината комисија за историја.

Македонија е исто така единствената земја која не ја осуди репресијата и жртвите на тоталитаристичкиот режим, рече вицепремиерот.