дома Балкан Бугарија сѐ уште без влада, растат шансите за предвремени избори

Бугарија сѐ уште без влада, растат шансите за предвремени избори

Најголемата бугарска политичка партија ГЕРБ утринава се откажа од обид да формира влада, откако овој месец на изборите однесе победа на стаклени нозе. Долгодишниот премиер Бојко Борисов му ја предаде палката на Даниел Митов, но тој како што вели се соочил со ароганција од партиите од кои побарал поддршка. Писмено бил известен дека ја одбиваат соработката. Двете партии „Има таков Народ“ и „Демократска Бугарија“ чија поддршка ја бараше победникот на изборите одбија дури и да разговараат на таа тема.

„Има таков народ“, второпласираната партија на изборите наредните денови ќе го добие мандатот. За тоа време според претседателот Радев партијата ќе може да ги разгледа своите опции. Шансите за предвремени избори растат коментираат бугарските политички експерти.