дома Балкан Бугарија ce’ yштe нe знae кoгa ќe мoжe дa дaдe вakцини нa...

Бугарија ce’ yштe нe знae кoгa ќe мoжe дa дaдe вakцини нa Македонија

Бугарскиот министер за здравство д-р Стојчо Кацаров на брифингот во Советот на министри изјави дека Бугарија ќе може да оддели од своите вакцини за балканските земји. Меѓутоа, кога, ќе зависи од дозволата на Европската Унија.

-Добивме барање од Македонија, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија дека сакаат да примат вакцини од нас. Постапката се покажа како многу тешка – дали ќе бидат продадени или донирани, ќе биде потребно време додека не се согласи Европската комисија, објасни тој.

Министерот дополни дека испратиле барање до ЕК изминатиот петок.

-До крајот на денот треба да добиеме одговор со кој механизам ќе се случи ова нешто. Нашата желба е да помогнеме, рече министерот за здравство Кацаров.

Македонскиот премиер Зоран Заев неодамна најави дека преку Црвениот крст на Бугарија на Македонија ќе се донираат 50 илајди вакцини против ковид-19.