дома Балкан Бугарија „yдpи“ по АстраЗенека: Потребни ни се вакцини, а не објaснувања

Бугарија „yдpи“ по АстраЗенека: Потребни ни се вакцини, а не објaснувања

Бугарското Министерство за здравство повторно изрази незадоволство од доцнењето во испораката на вакцините АстраЗенека. Ни требаат вакцини, а не љубезни објаснувања, велат тие во Софија.

Како што рече министерот за здравство, Костадин Ангелов, Министерството е „крајно непријатно изненадено“ од непочитувањето на договорот од страна на производителот.

Тој објасни дека Бугарија овој месец примила 117 000 дози вакцина, наместо 450 000.

„Покрај тоа, вчера научивме дека Бугарија најверојатно ќе добие 52.800 дози на 1 март, наместо очекуваните 142.437“, рече Ангелов.
Министерството, како што наведе, веќе и се обратило на компанијата поради доцнења во испораките и дека јасно стави до знаење дека државата е подготвена да испрати авион за вакцини, но дека авионот сè уште „стои и чека“.

„Две недели чекавме јасен и прецизен одговор. Но, не го добивме “, рече министерот.

Наместо јасен одговор, Бугарија доби само писмо објавено од медиумите во кое се вели дека „АстраЗенека“ постојано прави напори да се справат со предизвиците и дека се надева дека ќе може да достави вакцини до Бугарија.

„Почитувани претставници на „ АстраЗенек “, да бидеме јасни: потребни ни се вакцини, а не учтивост. Доставете ни ги вакцините“, рече министерот.