дома Македонија БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ: Разбрав дека еден од предлозите е Илинденска Македонија

БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ: Разбрав дека еден од предлозите е Илинденска Македонија

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева на прашање на дописникот на Радио Слободна Европа за тоа дали предлогот Република Илинденска Македонија е прифатлив за нејзината земја таа изјави дека разбрала оти еден од предлозите во спорот за името е Илинденска Македонија.

Според неа, предлогот е новина и за Бугарија, оти како што посочува петте предлози кои долго беа на масата со години не го вклучуваа Илинденска Македонија.

– Илинденска Македонија на мене ми звучи дека тие препознаваат оти имаме заедничка историја и заедничко минато, бидејќи ова е многу важен дел од бугарската историја и многу важен моментум за нивната историја, вели Захариева.