Бугарскиот амбасадор ја истакнаа неопходноста од поголемо брaтољубие при посетата на Бигорски манастир

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Амбасадорот на Република Бугарја во Македонија, Ангел Ангелов, беше во посета на Бигорскиот манастир.

Во посета на Свештената бигорска обител на Чесниот Претеча беше амбасадорот на Реублика Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов и аташето за култура Петар Петров, кои одблиску се запознаа со нашата милениумска Светиња – информираат од манастирот.

Оттаму додаваат дека во духот на манастирското гостопримство, амбасадорот и аташето биле пречекани од игуменот на манастирот, епископ г. Пратениј, кој ги запознал гостите со евангелската мисија на бигорското братство.

На средбата беше разговарано и за моментната состојба на билатералнте односи помеѓу двете држави, при што сите ја истакнаа неопходноста од поголемо братољубие, почит и доверба меѓу православните братски народи, согласно христијанската доктрина за љубовта – посочуваат од манастирот.

Високиот гостин, од своја страна му честиташе на Старецот за хиротонијата во епископ и му се заблагодари за топлиот пречек, посакувајќи му понатамошно благоуспевање во неговата пастирска дејност.

Ова познато македонско дрвено светилиште, кое минатото господово лето одбележе илјада години постоење, покрај илјдници верници и турсти често го посетуваат странски допломати во нашата земја. На 23 септември во посета беше и албанскиот претседател Илир Мета, кој имаше срдечна средба со г. Партениј.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This