дома Балкан Бугарскиот главен oбвинитeл Иван Гешев не поднесува ocтaвкa

Бугарскиот главен oбвинитeл Иван Гешев не поднесува ocтaвкa

„Категорично кажувам дека нема да поднесам оставка“, изјави денеска бугарскиот главен обвинител Иван Гешев од градот Сливен, каде пристигна за да ја предводи големата акција на специјалните сили предводена од обвинителството против домашниот криминал, јави дописникот на БГНЕС.

-Јас продолжувам да се борам против мафијата и домашниот криминал и да работам за народот, рече главниот обвинител.

Според него, државата отстапила од малцинските групи, кои и натаму остануваат необразовани и извршуваат кривични дела.