March 28, 2024, 11:22 am

Бугарскиот кандидат за пратеник фатен во „шема“ за издавање на лaжни сертификати за вакцинација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според истрагата спроведена од Нова ТВ, бугарски кандидат за пратеник од националистичката партија НФСБ бил вклучен во шема за издавање сертификати за вакцинација на невакцинирани лица.

Кандидатите за пратеници имаат имунитет од гонење, но се очекува главниот обвинител да побара од Централната изборна комисија да му го одземе.

Величко Георгиев од НФСБ, кој беше коалиционен партнер на ГЕРБ во претходната влада, беше снимен со скриена камера како објаснува дека нема шанси да биде фатен. Со негово посредство на лица без одење на лекар им се издадени три валидни потврди. Според истрагата, дозите на вакцини споменати на овие сертификати биле уништени.

Лидерот на НФСБ Валери Симеонов најави дека во понеделник ќе се одржи состанок на раководството на партијата на кој ќе се разговара за исклучувањето на Георгиев. Партијата ќе го повика веднаш да поднесе оставка.

Според МВР, во моментов се истражуваат уште 10 слични случаи.

Бизнисменот Андреј Бачваров ја откри шемата откако започна кампања на социјалните мрежи за фаќање злоупотреба на сертификати.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This