April 16, 2024, 11:05 pm

Бугарскиот премиер со грчиот амбасадор разговарал за Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на Бугарија Стефан Јанев се сретнал со грчкиот амбасадор во Софија Димитрис Хронополус, и изјавил дека Бугарија секогаш покажувала искрена волја и напори за конструктивен и прагматичен дијалог со Македонија и ќе продолжи во таа насока.

Според бугарската агенција БГНЕС, грчкиот амбасадор изразил разбирање за бугарската позиција.

За време на средбата било нотирано дека двете земји се стратешки партнери и се разговарало за начините за продлабочување на стратешките односи преку интензивен политички дијалог и усогласени напори за билатерални, регионални и меѓународни прашања, соопшти бугарската владина прес-служба.

Димитрис Хронопулос изразил целосна политичка поддршка на грчката влада за бугарската влада и истакнал дека двете земји се дел од иста група во однос на интересите во регионот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This